Рекордна продажба на електрични возила на Киа годинава во Европа

Од:

Јужнокорејскиот производител на автомобили, Киа Моторс во првата половина од годинава, и покрај корона-кризата, забележа рекордна продажба на хибридни и електрични возила во Европа, соопштија од компанијата.

Продажбата на електровозила, во таа смисла, е зголемена за 18 отсто (44.894 продадени возила, во одноос на 38.173 возила истиот период лани). Тука спаѓа и сѐ поголемата понуда на лесни хибриди (МХЕВ), потоа – класичните хибриди (ХЕВ), „плаг-ин“ хибриди (ПХЕВ) и електрични возила (ЕВ).

Така, сега 25,2 отсто од пазарот на електромобили во Европа, ѝ припаѓа на Киа, што е раст за 3,5 отсто.

Според Европското здружение на произведувачи на автомобили (АЦЕА), Киа во Европа во првите шест месеци годинава продале 178.392 возила, што е, сепак, за 33,5 отсто помалку од истиот период лани. Тогаш јужнокорејската компанија продала рекордни 268.305 возила.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on