Рекордна продажба на автомобили Ролс Ројс во 2022 година

Од:

Луксузните автомобили не се погодени од кризата на трошоците за живот, бидејќи британскиот производител на автомобили Ролс-Ројс во 2022 оствари најголема годишна продажба со вкупно 6.021 продадени примероци.

Ова претставува зголемување од осум отсто во однос на 2021 година, со испораки до клиенти во околу 50 земји, соопшти компанијата која припаѓа на германската групација БМВ.

Најмногу автомобили се продадени во САД, Кина и Европа, додека остатокот од автомобилскиот пазар сè уште закрепнува од пандемијата на коронавирусот и глобалниот недостиг на полупроводници.

Сепак, брендовите на луксузни автомобили како Бентли и Бугати постигнаа добра продажба за време на епидемијата на коронавирусот.

Доказ за добрата состојба со продажбата на луксузни автомобили е примерот на компанијата Ламборгини (Lamborghini), која во август соопшти дека ги предпродала своите автомобили до почетокот на 2024 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on