Рекорден пад на вредноста на турската лира

Од:

Вредноста на турската лира денеска падна на рекорно ниско ниво во однос на американскиот долар, како резултат на тензиите во односите меѓу Анкара и Вашингтон, но и поради обидите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да воспостави контрола врз монетраната политика на земјата.

Еден американски долар денеска се менува за 6,614 турски лири.

Од почетокот на годината, турската лира загуби дури 35 проценти од својата вредност, што предизвика вознемиреност меѓу банките во Турција, имајќи предвид дека една третина од нивните кредити се во странска вулата.

Таквиот драстичен пад на турската лира резултираше и со намалување на вредноста на акциите на некои од поголемите банки од Еврозоната.

Како што објави „Фајненшал Тајмс“, и Европската централна банка стравува дека ваквата состојба во Турција би можела да се одрази на работата не некои од водечките банки во Еврозоната, кои имаат свои филијали во оваа земја, како шпанската ББВА, италијанската „УниКредит“ и француската „БНП Париба“.

Акциите на ББВА денеска паднаа за 3,5 отсто, на „УниКредит“ за 3,1 проценти, а на „БНП Париба“ за 3,7 отсто, додека во исто време зедничкиот бенкарски индекс во Еврозоната се намали за 2,7 проценти.

Во врска со падот на вредноста на турската национална валута се огласи и претседателот Ердоган, кој ги повика Турците да ги менуваат своите заштеди во девизи во турски лири.

– Замените ги еврата, доларите и златото што ги чувате под душеците за лири во нашите банки. Тоа е внатрешна и национална борба, порача Ердоган во обраќање пред симпатизери на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП).

Тој обвини дека за ваквата состојба во турскиот монетарен систем се виновни странците „кои се обидуваат да и наштетат на Турција“.

Според него, замената на девизи за лири ќе биде одговор на турскиот народ на оние кои водат економска војна против Турција.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија