РЕК Битола: За следната година предвидени над 30 милиони денари за зголемување на доверливоста и ефикасноста на Блок 1

Од:

„Блок 1 на РЕК Битола е исклучен од електроенергетскито систем во петокот, на 4 октомври, околу 23:30 часот, заради дефект на цевки во котелот на постројката. Се очекува да биде повторно ставен во функција во текот на утрешниот ден. Точно е дека Блок 1 почесто “испаѓа” за разлика од другите два блока на РЕК Битола, но вистината е дека причина за тоа е неуспешниот и сомнителен обид за модернизација на котелот на блокот од 2014 година. Обид заради кој и денес РЕК Битола е вовлечен во судски процеси и меѓународна арбитража, а на комбинатот му се закануваат милионски отштети кон странските партнери, при што трпи електроенергетскиот систем на земјата.

Лицемерно е ВМРО – ДПМНЕ да зборува за партизација на РЕК Битола ако се знае дека за 11 години, колку што беше на власт оваа партија, во комбинатот се вработиле околу 1.400 лица, во најголем дел распределени на непродуктивни работни места. Последиците се чувствуваат и денеска.

Во ВМРО – ДПМНЕ може да бидат спокојни бидејќи тоа што не го направиле кога можеле и морале, а се однесува на ефикасноста во работењето на блоковите или , на пример, заштитата на животната средина, сега се надоместува со крупни чекори. За следната година предвидени се над 30 милиони денари за зголемување на доверливоста и ефикасноста на Блок 1, со што повторно ќе санираме наследени состојби“, се вели во реакцијата од РЕК Битола на соопштението „Неспособноста на СДСМ ја чини РЕК Битола 1 милион евра за само три дена“ на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски