Регулаторната комисија предлага повеќе граѓани да користат субвенции за енергетска сиромаштија

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е ставена на располагање со сиот свој капацитет да биде логистика во процесот на разговори кои синдикатите ќе ги водат со Владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории граѓани.

Ова го посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешниот состанок со Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ).

Тој истакна дека проширување на листата на граѓани кои се опфатени со субвенции за енергетска сиромаштија со оние лица кои се погодени од здравствената криза е една од опциите што може да се преземе за да се заштитат ранливите потрошувачи погодени од ковид кризата и нагласи дека тоа е решението што го предлага РКЕ.

-Станува збор за механизам кој подразбира привремено проширување на постоечка листа за надомест за енергетска сиромаштија со лица кои се погодени директно од здравствената криза. Ние треба да им помогнеме на најранливите, а не да ги субвенционираме богатите – ова воедно е и заедничка препорака на РКЕ и Секретаријатот на Енергетската заедница. Институциите мора да разгледаат кои предлог- решенија се применливи: проширување на листата на граѓани со субвенции, намалување на ДДВ-то за потрошената електрична енергија и слично. Сега на потег е Собранието и надлежните министерства како предлагачи на измени во закон, рече Бислимоски на состанокот со синдикалните лидери што се одржа во просториите на РКЕ.

Претставниците на синдикатите посочија дека ќе го разгледаат предлог-решението од РКЕ во рамки на органите и телата на синдикатите и за него ќе продолжат со разговори на следните состаноци на кои ќе бидат поканети и граѓански организации.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Трендафилов: Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата

Горан Наумовски

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Горан Наумовски

Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување

Горан Наумовски

Дали ви личи дека ми е гајле што мислите за мене, лидерот на ССМ со порака до власта

Катерина Ѓуровски

ССМ: На 2 април на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

А1он