Реглинг: Грција ќе има потреба од трет пакет финансиска помош во 2014 година

Од:

Грција ќе има потреба од трет пакет финансиска помош во 2014 година, изјави директорот на Европскиот стабилизациски механизам Клаус Реглинг во интервју за весникот „Ханделсблат“.

Според Реглинг Атина нема да може сама да обезбеди пари во 2014 година за пополнување на буџетските дупки, поради што ќе има потреба од нов пакет финансиска помош. Одлуката за тоа треба да ја донесат министрите за финансии од еврозоната, нагласи тој.

Реглинг не е првиот што ја отвора ваквата можност. Непосредно пред изборите во Германија на 22 септемри прашањето беше отворено и од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит