Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, учествуваше на самитот на иницијативата „Отворен Балкан” во Белград, на тркалезната маса посветена на справувањето со енергетската криза, на која присуствуваа највисоките владини претставници од земјите учеснички, како и претставници од енергетските субјекти и институции, известуваат од Електрани на Северна Македонија.
Со министерот за економија на Република Северна Македонија, Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, потоа имаа одвоена средба со српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, на која разговараа за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти, се вели во соопштението на Електрани на Северна Македонија.
АД ЕСМ, со максимална вклученост на расположливите капацитети, ја произведува целокупната електрична енергија за граѓаните и малите потрошувачи, а исто така ЕСМ ќе биде вклучен во реализација на договорените проекти за справувањето со енергетската криза кои ќе произлезат од иницијативата Отворен Балкан и од другите форми на соработка меѓу земјите во регионот, чие директно спроведувања во енергетиката ќе треба да тече преку АД ЕСМ, се додава во соопштението на Електрани на Северна Македонија.