Регионален бизнис натпревар од проектот Лидер

Од:

Прв регионален бизнис натпревар поддржан од Фондот за Западен Балкан ќе се одржи денеска во Белград. Натпреварот е можност за прв заеднички регионален настап на победниците на проектот Лидер од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина Скопје.

– По успешно спроведените изданија на проектот ЛИДЕР и објавувањето на тројцата победници од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, наградените за првпат се стекнаа со можност за заедничко претставување на своите бизнис-идеи пред регионално и меѓународно жири, за време на Регионалниот бизнис натпревар, информираат организаторите од трите регионални локации CANSEE (Канадско- српска бизнис асоцијација), Македонија 2025 и Рестарт.

Деветте победници – Валентина Чолиќ, Јована Станковиќ и Тамара Јевтовиќ од Србија; Олга Рајчиќ, Тодор Панев и Бојана Завкова од Македонија; како и Емина Захировиќ-Пинтариќ, Али Сајед и Срѓан Мајкиќ од Босна и Херцеговина, со нетрпение очекуваат да ги презентираат своите бизнис идеи, по добивање на континуирано менторство и поддршка и стекнување на сите потребни знаења за водење на успешен бизнис.

Првиот регионален бизнис натпревар е овозможен благодарение на проектот „Зајакнување на меѓународната соработка и врски во Западен Балкан преку контакт на млади претприемачи“, финансиран од Фондот за Западен Балкан, кој е основан со цел да се финансираат мали и средни проекти од областа на образованието, одржливиот развој и човековите права во земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски