Реформи и услови од договорот меѓу Грција и кредиторите

Од:

Грција постигна договор со меѓународните кредитори на земјата со кој треба да избегне финансиски колапс и излез од еврозоната, а помошта на Атина е условена со следните цели и реформи, пишува Индекс.хр.

Цели:

– Грција на почетокот на 2016 година мора да оствари примарен буџетски суфицит. Дефицитот за оваа година не смее да биде над 0,25 проценти од БДП, додека буџетскиот суфицит во 2016 година треба да изнесува 0,5 проценти, за потоа да порасне на 1,75 отсто во 2017 година и 3,5 проценти во 2018 година.

– Грчката економија годинава ќе забележи намалување меѓу 2,1 и 2,3 отсто, 0,5 проценти во 2016 година и ќе оствари раст од 2,3 отсто во  2017 година.

Меѓу условите за добивање на дел од помошта се:

– Нов закон за нефункционалните банкарски кредити.

– Дерегулација на пазарот на гас.

– Создавање на независен и суверен фонд преку кој Грција ќе обезбеди 50 милијарди евра, од кои три четвртини ќе бидат искористени за докапитализација на банките и намалување на долгот.

– Укинување на даночните олеснувања за земјоделците кои сега добиваат субвенции за гориво.

– Построги правила во системот за наплата на даночните обврски.

– Зголемување на данокот на солидарност од 4 на 6 проценти за лицата што заработуваат меѓу 50 и 100 илјади евра годишно.

Грција во јули веќе усвои дел мерки, вклучително:

– Упростени стапки на ДДВ и негова поширока примена.

– Намалување на пензиите и создавање независна статистичка агенција.

– Реформи на правосудството и прифаќање на европските резолуции за спас на банки.

Пред Грција се уште: 

– Амбициозна реформа на пензискиот систем.

– Реформи поврзани со работната недела, сопственоста на аптеките, производството и продажбата на млечни и пекарски производи.

– Приватизација на инфраструктурата за пренос на електрична енергија.

– Ревизија на колективните договори, индустриските акции и масовни отпуштања.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ