Ребалансот ќе се донесе во законскиот рок, се финализира Буџетот за 2019-та

Од:

Актуелните случувања во Собранието околу уставните измени нема да го пролониграат донесувањето на ребалансот на Буџетот. Таква опасност нема и ребалансот ќе биде усвоен во законскиот рок, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Според него, моментно Буџетот е во одлична кондиција и приходната страна се полни согласно предвидените проекции.

– Ако се сеќавате, дури и кога немавме ваква извесност за случувањата, јас реков дека ние сме подготвени за сите сценарија. Најбитното во моментов е дека буџетот е во одлична кондиција, може да видите од извештаите кои ние секој месец редовно ги објавуваме, многу транспрентно. Приходната страна на буџетот на Република Македонија е одлична, се полни согласно нашите проекции. Тоа е нјаважно, рече Тевдовски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Буџетот за следната година се подготвува и е во последна фаза, дополни министерот, нагласувајќи дека сите детали ќе бидат објавени кога, како што рече, ќе дојде време.

Би можело да ве интересира

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски