Размената со странство лани 11,5 милијарди долари

Од:

Вкупната размена со странство во текот на минатата година изнесувала 11.544.649 илјади долари. Од нив вредноста на извозот изнесува 4.787.199 илјади и бележи раст од 6,6 отсто во однос на претходната година, а вредноста на увезената стока изнесува 6.757.450 илјади американски долари и е за 5,6 отсто повеќе од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 1.970.251 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2016 изнесува 70,9 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-декември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on