Расте бројот на Грците кои ќе кажат „да“ на референдумот во недела

Од:

Затворањето на банките и вовдувањето контрола врз капиталот имаа големо влијание врз тоа како Грците ќе гласаат на референдумот во недела, јави дописникот на МИА од Атина.

Анкета, која за списанието „Весник на уредниците“ ја спроведе компанијата „ПроРата“ покажа дека процентот на гласачите кои во недела ќе кажат „не“ опаднал од 57 на 46 отсто, додека процентот на оние кои ќе гласаат „да“ се зголемил од 30 на 37 отсто.

На референдумот во недела планираат да гласаат 86 проценти од грчките граѓани со право на глас, што покажува дека гласачите ја сфаќаат сериозноста и влијанието на референдумот врз случувањата во земјата.

На прашањето за одлуката на грчкиот премиер Алексис Ципрас да свика референдум во недела, еден од двајца гласачи рекле дека донел вистинска одлука, 38 отсто сметаат оти не е во право, седум проценти рекле „ниту е во право, ниту греши“, додека пет отсто биле неодредени.

Анкетата исто така покажа дека гласачите планираат да гласаат врз основа на тоа како гласале на јануарските избори.

Во меѓувреме, еврогрупата ја одложи за неколку часа телеконференцијата на која ќе се дискутира за последниот предлог на Грција.

Портпролот на првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дејселблум на Твитер напиша дека по барање на неколку министри, телеконференцијата ќе се одржи во 17 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица