Раст од 6,1 процент на индустриско производство во септември

Од:

Индустриското производство во септември годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 6,1 процент. Во периодот јануари − септември годинава, во однос на истиот период лани, индустриското производство бележи раст од 5,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „Рударство и вадење камен“ во септември годинава, во однос на септември 2018 година, бележи опаѓање од 7,4 проценти, во „Преработувачка индустрија“ пораст од 4,6 проценти, а во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ бележи зголемување од 32,2 процента.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај енергијата за 25,5 проценти, капитални производи за 6,4 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 14,7 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за седум проценти, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата