Раст од 150 отсто за една година во инсталираниот капацитет на фотоволтаици

Од:

Раст од скоро 150 % на инсталираниот капацитет во обновливи извори за единаесет месеци во споредба со цела 2022 година регистрира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Согласно последните податоци од почетокот на годинава до крај на ноември издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 379,3 MW што е за 150 % повеќе од 2022 година кога се издадени 152,2 MW.

„За без малку две години имаме нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 531,5 МW што произведуваат електрична енергија од обновливи изворишто пак влијае врз намалување на една третина од увозот на електрична енергија“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција за помалку од две години може да снабдува близу 169 илјади домаќинства.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on