Индустриското производство во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани е зголемено за 0,8 проценти. Во април годинава споредено со април лани индустриското производство е намалено за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во април годинава, во однос на април минатата година, бележи опаѓање од 5,3 проценти, во „преработувачка индустрија“ од 1,1 проценти, а пораст од 10,1 процент во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.
Според главните индустриски групи, производството во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е зголемено кај „енергија“ за 5,9 проценти, „капитални производи“ за 9 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 8,9 проценти. Опаѓање има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,7 проценти и „нетрајни производи“ за широка потрошувачка за 5,7 проценти.