Раст на Волстрит и европските берзи

Од:

Цените на фјучерсите на Волстрит и на европските берзи од утрово бележат раст по вчерашните катастрофални загуби.

Терминскиот индекс Дау Џонс синоќа по полноќ забележаа раст за повеќе од 765 поени, откако Волстрит го претрпе најлошиот трговски ден од „Црниот понеделник“ во 1987 година. Растат и фјучерсите на С&П 500 и на Насдак 100.

Пресвртот се случи отако американскиот претседател Доналд Трамп твитна дека САД силно ќе ја поддржат индустријата, како воздухопловната и другите, кои, како што напиша „се посебно погодени од кинескиот вирус“.

Трамп наведе дека „САД ќе бидат посилни од кога било претходно“.

Индексите вчера се намалија откако Трамп изјави дека кризата со новиот коронавирус би можела да трае до август.

Акциите на европските берзи исто така утрово бележат раст. Паневропскиот индекс Стокс 600 порасна за 2,7 проценти, при што најголема добивка има автомобилскиот сектор со раст од 5,0 отсто.

Би можело да ве интересира

Доларот на најниско ниво во последните три години

Голем пад на Волстрит

Сите берзи се во пад

Катерина Ѓуровски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Остар пад на светските берзи поради ескалацијата на трговската војна

Катерина Ѓуровски

Стриминг платформата GLEY ќе бара инвеститори преку Берза

Катерина Ѓуровски