Цените на угостителските услуги од јануари-септември 2013 година, во однос на овој период лани бележат зголемување за 1,3 проценти, а во однос на декември 2012 година за 1,1 отсто. Во септември 2013 година, во споредба со август 2013 година, останаа непроменети, објави Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, во септември годинава во однос на август годинава зголемување е забележано во групата алкохолни пијалоци за 0,1 отсто.
Цените на угостителските услуги во септември 2013 година, во однос на овој месец од претходната година, е зголемен за 1,9 отсто.