Раст на прометот на индустријата и на домашниот и на странскиот пазар

Од:

Прометот во индустријата во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи раст од 10,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2015, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст од 4,2 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12,7 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во ноември 2015  година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст од 13,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,9 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,3 отсто, Капитални производи за 26,8 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 98,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто.

Прометот во индустријата во ноември 2015 година, во однос на октомври 2015 година, бележи пад од 4,1 отсто, додека во периодот  јануари-ноември 2015 година, во однос на периодот јануари-ноември 2014 година, раст од 9,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата