Раст на минималите трошоци: ССМ објави дека за основните потреби се неопходни 61.306 денари

Од:

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.

– Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени за 717,00 денари, што покажува дека трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на Одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигураат зголемени цени и во наредниот период, односно за време на траењето на Одлуката за ограничени маржи на штета на граѓаните и работниците во Македонија, велат од ССМ.

Додаваат дека делот од синдикалната минимална кошница за трошоци за исхрана и пијалоци во целост, односно 86 проценти се превземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата со што се очекува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците, ќе придонесе за значајно намалување на трошоците за храна и пијалоци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Власта најавува нова кошничка што ќе ги намали цените за 0.1%

Предраг Петровиќ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

930 евра се минималните месечни трошоци за четиричлено семејство

Синдикалната минимална кошница за јануари 57 163 денари