Раст на извозот од 3,2 отсто во периодот јануари – мај годинава

Од:

Вкупната вредност на извозот на стоки од земајава, во периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 3 347.7 милиони евра и бележи пораст од 3.2 % во однос на истиот период лани. Само во мај е забележан раст на извозот од 23.44 %. Вредноста на увезената стока, пак, во првите пет месеци е 4 693.5 милиони евра, што е за 1.0 % повеќе во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – мај 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47.0 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.7 % во вкупната размена.

Би можело да ве интересира

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции