Раст на извозот од 23 проценти во првите десет месеци од годинава

Од:

Вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – октомври годинава изнесува 5.734.882.000 долари (297.093.666.000 денари) и бележи пораст од 23 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првите десет месеци од годинава е увезена стока во вредност од 7.490.571.000 долари, што е за 19,9 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври годинава изнесува 1.755.690.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 76,7 проценти.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – октомври годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on