Раст на извозот од 15,1 процент во првите пет месеци од годинава

Од:

Вредноста на вкупната трговска размена на Македонија во периодот јануари-мај годинава изнесува 4.675.277.000 евра.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, извозот на стоки од Македонија, во првите пет месеци годинава изнесува 1.964.512.000 евра, и бележи пораст од 15,1 процент во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 2.710.765.000 евра, што е за 12,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-мај годинава изнесува 746.253.000 евра. Покриеноста на увозот со извоз, во првите пет месеци од годинава изнесува 72,5 проценти.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-мај годинава, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on