Раст на индексите на Волстрит за околу 2,5 отсто

Од:

Водечките индекси на Берзата во Њујорк синоќа на крајот на работниот ден, забележаа раст од околу 2,5 проценти, откако Управата на федералните резерви (Фед) навести забавување на растот на каматните стапки.

Индустриксиот индекс Дау Џонс порасна за 2,5 отсто на 25.366 индексни поени, а индексот Стандард и Пурс 500 за 2,3 процнети на 2.743 поени. Ова претставуваше најголеми дневни зголемувања на вредноста на овие индекси во последниве осум месеци.

Во исто време, вредноста на технолошкиот индекс Насдак се зголеми за 2,95 проценти на 7.291 индексни понеи, што е негов најголем дневен раст во изминатиов месец.

Растот на вредноста на индексите на Волстрит уследи откако првиот човек на Фед, Џером Пауел оцени дека политиката на продолжување на растот на каматите е умесна, но навести дека е можно Управата да го успори зголемувањето на каматините стапки.

Фед со зголемувањето на каматните стапки се обидува да ја потисне инфлацијата, но инвеститорите стравуваат дека повисоките камати би можеле да го забават економскиот раст.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД