Раст на бугарскиот извоз во 2013 година од 7,2 отсто

Од:

Во текот на 2013 година Бугарија извезла стоки во вредност од 43,6 милијарди лева (22.2 милијардi евра), што претставува раст од 7,2 проценти во однос на претходната година, соопшти денеска бугарскиот Национален статистички завод.

Како што јави БТА, споредено по месеци најголем раст е забележан во јануари минатата година од 23,9 отсто, а значително зголемување од 9,3 процент на извозот имало и во мај.

Во исто време, лани Бугарија увезла стоки во вредност од 50,5 милијарди лева (25,8 милијарди евра), што претставува раст од 1,4 проценти во споредба со 2012 година. По месеци најголем раст на увозот е забележан во септември (13,3 отсто) и во мај (11,2 проценти).

На овој начин вкупната трговска размена на Бугарија лани достигна дефицит од седум милијарди лева (околу 3,58 милијарди евра), што е за 2,2 милијарди лева (1,1 милијарди евра) помалку во однос на 2012 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна