Раст на бројот на работниците во индустријата од 0,4 отсто

Од:

Бројот на работници во индустријата во април годинава во однос на април лани бележи раст од 0,5 отсто, а во првите четири месеци од годинава 0,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи опаѓање од 0,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,1 отсто, Капитални производи за 10,7 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,7 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата