Раст на бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година бележи раст од 8,9 проценти, додека за петте месеци од годинава во однос на првите пет месеци лани зголемување од 7,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи пораст од 1,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 9,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0,2 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15 отсто, капитални производи за 28,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 отсто, опаѓање бележи кај Енергија за 0,7 отсто и кај трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата