Раст на БДП во првиот квартал од 3,9 проценти

Од:

Бруто домашниот производ во првиот квартал од годинава бележи раст од 3,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Раст е забележан во повеќе сектори. Во градежништвото има пораст од 13,7 осто, во финансиско посредување, активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, други комунални, општи и лични услужни активности од 4,7 отсто и Е-Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 3,3 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2,3 проценти, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 81,4 проценти.

Во овој период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,3 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 9,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ