Распишан оглас за изградба на секундарна и терцијална гасоводна мрежа

Од:

Владата распиша оглас за изградба на секундарна и терцијална гасоводна мрежа преку јавно-приватно партнерство за Скопскиот, Западниот и Источниот регион. Вкупната проценета вредност за изградба на оваа гасоводна мрежа е околу 150 милиони евра.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска на прес-конференција појасни дека ќе бидат опфатени сите 17 општини во Скопскиот регион, 36-те општини во Источниот регион и 26-те општини во Западниот регион.

– Со ова започнува процесот на секундарна и терцијална гасификација односно паралелно со изградбата на примарната гасоводна мрежа ќе се работи и на изградба на систем со кој директно ќе се поврзат крајните корисници – државните институции, компаниите и граѓаните на Република Македонија, истакна вицепремиерот Пешевски.

Огласите се веќе објавени во Службен весник и на страницата на Бирото за јавни набавки, а од утре ќе бидат објавени и во јавните гласила во Република Македонија и во „Фајненшл Тајмс“.

За разлика од претходните огласи, во овој оглас има неколку суштински разлики како од технички аспект, така и во однос на тоа дека периодот на концесија е продолжен од 20 на 30 години, а и приклучокот којшто треба да го субвенционира Владата е намален за дваесетина проценти.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил