„Рајанер“ воведува долги летови

Од:

Најголемата европска ниско тарифна авиокомпанија, „Рајанер“ (Ryanair) најави воведување на долги летови во својата понуда, но прогнозира и слаб раст во 2013 година.

Извршниот директор на компанијата Мајкл О’Лири на пресконференцијата во Рим по повод претставувањето на новите рути за Италија и Северна Африка изјави дека во 2013 година се предвидува раст од три до четири отсто, а дека услугите на ирската авиокомпанија ќе ја користат околу 82,5 милиони патници.

– Летните месеци ќе бидат поприлично  мирни, а најголемиот дел од растот ќе го оствариме во текот на зимата, рече О’Лири.

Тој нагласи дека компанијата воведува долги летови и дека има план за набавка на нови авиони од Боинг кон крајот на оваа или почетокот на наредната година.

О’Лири ги оцени проблемите на Боинг со новиот „787“ како „преценети“, иако воздухопловните власти минатата недела од безбедносни причини ги приземјиа сите Дримлајнери.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран