Радовишките производители на сливи бараат по пет денари обештетување од државата

Од:

Производителите на сливи од Радовишко денеска со едночасовна блокада на патот Струмица-Радовиш го искажаа своето незадоволство од немањето откуп.

Велат дека договореното со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не е испочитувано, односно оти за предадените количини сливи не добиваат кантарни белешки за да можат да добијат плус три денари за килограм.

– Бараме по пет денари за килограм обесштетување за секој производител на слива. Тоа го бараме бидејќи Владата веќе има превидено по три денари за секој предаден килограм слива и два денари за откупувачите. Но, во случај кога нема откуп, бараме овие пет денари да се исплатат на производителите на сливи за да можат да покријат барем дел од трошоците кои ги имаат за производство, изјави Станко Младеновски од Иницијативниот одбор.

Додаде дека бараат исплатата на обесштетувањето да се однесува во просек на три илјади килограми сливи од декар за секој производител.

Производителите на сливи велат дека ако не се прифатат нивните барања утре ќе продолжат со блокада на патниот правец Струмица-Радовиш во траење до три часа и секој нареден ден времетраењето на блокадата ќе се зголемува за еден час.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп