Работодавачите да ги заштитат работниците од жештините

Од:

Работодавачите да ги преземат сите неопходни мерки и да ги почитуваат препораките за заштита на работниците од високите температури, порачаа денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски.

Како што истакнаа на прес-конференција, идејата е да се делува превентивно, да не се чекаат критичните фази со оглед на најавите дека државата ќе ја зафати топлотен бран.

– Доколку не се преземат мерките за заштита и ако Инспекторатот за труд утврди непосредна опасност по безбедноста и здравјето на вработените, со решение ќе се забрани работата во целост, на дел од погоните или технолошкиот процес, рече министерот Спасов.

Ако работодавачот во определен рок не ги отстрани утврдените неправилности и недостатоци, ќе се санкционира според законот, за прекршок со глоба од 5.000 до 8.000 евра за правно лице и со 500 до 1.000 евра за одговорно лице.

Соодветна организација на работата, контрола на работниот процес и проценка на ризик на работните места, избегнување прекувремена работа, користење на паузите за одмор и ако е потребно воведување дополнителни кога температурата е висока особено меѓу 11 и 16 часот, обезбедување соодветни простории за разладување, лесна работна облека и превентива од зголемени опасности при работа (пожари) се само некои од препораките што работодавачите треба да ги испочитуваат.

– За спречување на можните последици по здравјето на работниците од високите температури и топлотните бранови, неопходен е повеќедимензионален пристап и вклучување на повеќе институции, министерствата за здравство и за труд и социјала, Националниот совет за безбедност и здравје при работа, институтите за јавно здравје и по медицина на трудот, локалната самоуправа, невладиниот сектор и експертите, нагласи Митревски.

Министерот информира дека веќе е изготвен Акциски план за превенција од топлотните бранови чија цел е да се избегнат ризиците по здравјето на работниците. Планот ги обврзува државните инспектори за труд месечно да вршат по 40 надзори кај правни субјекти со што ќе го утврдуваат спроведувањето на регулативите.

Согледувањата на ССМ покажуваат дека најризични работни места и најмногу на удар од високите температури се градежништвото, земјоделството, енергетиката, металургијата, сообраќајот, прехранбената индустрија, текстилот, армијата, полицијата.

Минатата година кога Македонија беше зафатена со портокалова фаза, инспекторите за труд дневно реализираа по 80 надзори. Нивните решенија работодавачите ги почитуваа поради што не беше покрената ниту една прекршочна постапка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Пробиштип

Ристески: Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, со овој притисок ќе избегаат од Македонија

Горан Наумовски

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Македонија 98.416 лица се невработени, a 691.736 се вработени

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Филипче: Најразочарани од работата на Владата во првите три месеци се работниците

A1on