Работна посета на министерот Шапуриќ во Виница

Од:

Вчера, министерот за подобрување на инвестициска клима за домашните компании проф д-р. Зоран Шапуриќ оствари средба со градоначалникот на општина Виница Ивица Димитров. Тие разговараа за првте 100 дена од работата на градоначалникот и новата локална власт, со посебен акцент на локален економски развој, идни планови на општината и подобрување на инфраструктурата.

Исто така, посетена беше и компанијата Макпрогрес, една од водечките компании во областа на прехранбена индустрија во Македонија.

Министерот Шапуриќ, беше запознаен со производствениот капацитет на оваа компанија и плановите за натамошен развој во истиот поради зголемениот извоз, во 55 земји. Притоа, му беше изразено задоволство од мерките кои ги донесе Владата за поддршка на домашните компании.

Потоа, во взаемен разговор беа разменети идеи, мерки и разни мислења за раздвижување на бизнис климата.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија