Работна група за излез од кризата во светското цивилно воздухопловство

Од:

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) формира специјална група за обновување на цивилните воздушни летови во екот на пандемијата на новиот коронавирус, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на организацијата со седиште во Монтреал, Канада.

Меѓународниот воздушен сообраќај е целосно блокиран поради затворените граници и намалениот број на патници како резултат на коронавирусот. Кризата е незабележана во историјата на цивилното воздухопловство.

Во соопштението на ИКАО се додава дека првите резултати од работата на формираната група се очекуваат кон крајот на следниот месец. Нејзината задача е да определи неопходни мерки, кои организацијата ќе им ги препорача на своите земји членки и на авиокомпаниите за постепен излез од кризата.

За претседател на работната група е избран претставникот на Франција во ИКАО, Филип Берту.

Би можело да ве интересира

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо