Стружанецот Димче Шипинкароски е автор на првиот македонски автомобил на иднината. Неговиот изум „систем за адаптирање на возило да работи на вода наместо на нафта, бензин или плин“ може возењето со автомобиол да го направи за неколку пати поевтино во време кога цените на горивата постојано растат.
Тој вели дека со вградувањето на неговиот изум за повеќе од 50% би се намалило количеството на нафта или бензин неопходно за движење на автомобилот, а водата би играла голема улога во согорувањето на бензинот.
„Се работи за адаптација на возилото каде што значитчелно се намалува потрошувачката на гориво. Согорувањето на горивото е целосно и доаѓа до многу помала потрошувачка. Со овој систем се користат 2 литри вода на 1000 километри, а водата е дериват кој го подобрува согорувањето на горивото.Не се работи за интервенции на моторот на возилата, туку за дополнително вграден електронски модифициран систем составен од 15 делови“, вели за А1 Шипинкароски.
Ако на 100 километри неговиот автомобил Ауди А6 порано трошел 10 литри гориво, сега потрошувачката е само 3,5 литри. Шипинкрасоки вели дека за неговиот изум интерес пројавиле некои од автомобилските компании.Неговиот патент е заштитен и е патентиран во Државниот завод за индустриска сопственост во Скопје.
„Има интерес и најави но за сега нема ништо конкренто и не би сакал да кажувам за кои компании станува збор..Вградувањето на овој систем се движи од 400 до 1000 евра во зависност од квалитетот на опремата.Од економски аспект овој изум е целосно оправдан а, инвестицијата би била исплатлива“, вели Шипинкаровски.
Шипинкароски вели дека авторските права за овој изум се само негови и без негова дозвола никој не би можел да го вградува Планира измуот на кој работел една година да го промовира на меѓународниот саем за пронајдоци кој се одржува во Виена.
Мики Трајковски