Првата група туристи од Данска допатуваа во Охрид

Од:

На традиционален начин – со погача, локум, ѓомлезе и ракија, синоќа беа пречекани првите туристи од Данска кои преку аранжмани на агенцијата „Вис-Пој“ од Охрид и оваа година ќе одмараат во Македонија.

Според изјавите на првите гости од Данска, тие за Македонија и за Охрид дознале преку Интернет, и решиле да одмараат тука пред се поради убавата природа, културно-историските споменици, но и традиционалната македонска храна и македонските вина.

Претставниците на туристичката агенција „Вис Пој“ појаснуваат дека веќе трета година реализираат туристички аранжмани со дански туристи во Македонија.

– Минатата година остваривме околу три илјади ноќевања на дански туристи, а оваа година очекуваме да оствариме околу пет илјади. Групите дански туристи во Охрид ќе престојуваат во април, мај и јуни, а останатите во месеците септември и октомври, што значи продолжување на туристичката сезона надвор од вообичаениот шпиц во летните месеци, изјави Јаким Маленко од туристичката агенција „Вис Пој“.

Првата група дански туристи во Македонија ќе престојува 22 дена, во чии рамки е предвидено да реализираат дваесеттина екскурзии низ земјата, а меѓу другото да ги посетат уште и Битола Струга, Вевчани, како и некои албански градови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on