Прва седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија

Од:

Во Белград денеска ќе се одржи првата седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија чија цел е надминување на бариерите и сите отворени прашања за полесен проток на стоки и унапредување на размената.

Комитетот се формира по иницијативата што произлезе од средбата на министрите Љупчо Николовск и Расим Љајиќ во Скопје, на 7 март, кога беше постигнат договор за увозот на српското брашно во земјава.

Македонската делегација во Комитетот ќе ја претставуваат седум членови, претставници од Министерството за земјоделство, Царинската управа, Државниот инспекторат за земјодлство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и стопанственици.

– Од работата на Комитетот очекуваме да бидат укинати поголемиот дел нецарински бариери со што нашите извозници би биле во многу поповолна позиција и поконкурентни на српскиот пазар, вели за МИА Трајан Дикмовски од МЗШВ, кој го предводи македонскиот тим во Комитетот.

На денешниот состанок најпрво ќе се разгледаат заклучоците од средбата Николовски – Љајиќ во Скопје кои се всушност и сонова за работата на Комитетот, а потоа ќе се пристапи кон разгледување на поединечните иницијативи што ќе ги изнесат делегациите.

Ќе се разговара за заемно признавање на фито-сертификатите, како и за целосно укинување на маркичките за брашното што ќе биде можно и прифатливо само ако таквиот предлог е на барање на стопанските комори од двете земји.

Србија ќе бара да се разгледаат „мерките и процедурите кои доведуваат до проблеми при извозот на компир во Македонија“, како и „долгото задржување на пратките на граничниот премин до завршувањето на лабораториските анализи“.

На состанокот на Комиетот треба да стане збор и за ГМО анализите што ги прави Србија на македонскиот ориз, односно ќе се бара нивно укинување.

Првиот состанок на Мешовитиот комитет согласно првичните најави, требаше да се одржи вчера, но беше одложен од српска страна.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп