Прв извештај на Ватиканската банка

Од:

Банката на Ватикан или попозната како Институт за религиозни работи, денес за прв пат објави годишен извештај, во рамките на напорите, по низата скандали, нејзината работа да стане транспарентна.

Според извештајот банката минатата година остварила профит од 86, 6 милиони евра, што е за четири пати повеќе во однос на 20,3 милиони од 2011 година.

-Со објавувањето на годишниот извештај ја исполнуваме обврската нашите активности да ги направиме транспарентни, што оправдано го очекуваат клиентите, власта на Ватикан, поврзаните банки и јавноста-изјави претседателот на банката Ернст Фон Фрејберг.

Папата Франсис во август наложи засилени мерки со цел на банката да и се оневозможи затајување, перење пари и финансирање на тероризмот, пренесе ДПА.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Сите кардинали пристигнаа на конклавата за избор на нов папа, мораа да ги предадат телефоните

А1он

Кардиналот Чавез вели: Потребен ни е „Франциск 2“

ВИДЕО: Ватикан се подготвува, поставен оџак на Сикстинската капела

Катерина Ѓуровски

Кардиналот Анџело Бечиу се повлече од изборот за нов папа

Ројтерс: Конклавата започнува на 7 мај