Провопулос: Економијата на Грција ќе почне да се опоравува во следната година

Од:

Економијата на Грција ќе почне да се опоравува во следната година, вели Јогос Провопулос, гувернер на Народната банка.

– Сметам дека најлошото од должничката криза е зад нас, наведува тој.

Според него, стабилните услови помагаат државата да има „добар напредок“ со балансирање на економијата по шест години во рецесија и два пакети економска помош од меѓународните кредитори.

– Она што е значајно, е дека во 2014, а можеби и порано ќе видиме обнова на економијата. Можеме да очекуваме некои добри знаци и порани бидејќи Владата применува дел од реформите, изјави тој.

Прогнозите на Банката се – оваа година пад во економијата од 4,5 отсто, додека во 2014 година ќе има мал раст.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент