Протестираат транспортери кои возеа за поранешно „Фени“, бараат исплата на над два милиона евра

Од:

Протестираат транспортери кои возеа за поранешно „Фени“, бараат исплата на два милиона и сто илјади евра. Ова го истакна во изјава за МИА, Трајче Пеовски, претседател на Здружението „Киперски транспортери“ – Кавадарци. На мирниот протест денеска во центарот на Кавадарци, транспортерите дојдоа со своите товарни возила.

Пеовски појасни дека ова е мирен протест на транспортерите кои возеа за поранешно „Фени“, барајќи си ги парите. Тој рече дека причината за овој мирен протест е наплатата на нивните побарувања по основ на извршен превоз кон „Еуроникел индустри“ во стечај, како и директното влијание на банката во стечајната постапка.

– Ни беше ветено дека ќе се изнајде решение за решавање на нашиот проблем, но, до ден денес, нема ништо од тоа. Ова е организиран мирен протест за да го искажеме нашето незадоволство, нагласи Пеовски.

Тој подвлече дека бараат средба со надлежните во државата, за изнаоѓање решенија за решавање на нивниот проблем.

– Ние нема тука да застанеме, туку во периодот што следува ќе ги радикализираме нашите протести на повеќе локации во градот и државата, се до остварување на нашите барања, истакна Пеовски.

Би можело да ве интересира

„Еуроникел“: Нема отпуштања во „Фени“ ниту фабриката се продава, почнува плански ремонт

Маја Илиевска-Пачемска

Британските власти покренаа тужба против екссопствениците на „Фени“

Кристијан Ландов

Блокотехна – Гостивар втората полуфинална двојка во Купот на Македонија

Вработените во ФЕНИ Индустри бараат завршување на стечајот

Наум Локоски

ГСОЛ/Еуроникел достави ревидиран план за реорганизација на ФЕНИ Индустри

Наум Локоски

Одложена стечајната постапка за Фени индустри

Наум Локоски