Протести ширум Европа поради мерките за штедење

Од:

Неколку илјади луше денеска протестираа во центарот на Франкфурт поради низата строги мерки за штедење кои се воведени во европските земји.

Демонстрациите во Германија се поклопуваат со 15-годишнината од постоењето на Европската централна банка (ЕЦБ), а слични демонстрации за денеска се најавени во Шпанија и во Португалија.

– Очигледно сакаме да кажеме дека политиката на ЕЦБ и на тројката не е решение, изјави Роланд Сис, портпарол на антикапиталистичкото движење „Блокјупај“ (Blockupy), кое ги организираше демонстрациите во Германија.

Тројката меѓународни кредитоти, Меѓународниот монетарен фонд, Европската унија и ЕЦБ им наметнаа строги услови на земјите, како што се Грција и Португалија во замена за пружање финансиска помош.

Демонстрантите тврдат дека поради строгите мерки за штедење неправедно страдаат сиромашните, бидеји поединечни влади беа принудени да укинат работни места и да ги зголемат даноците.

Според полицијата на протестот во Франкфурт имало околу 5.000 демонстранти. Протестот треба да заврши пред седиштето на ЕЦБ.

Во Лисабон демонстрантите одржаа протестен марш до претставништвото на ММФ, а се очекуваат протести уште во 17 португалски градови.

Во Мадрид е планиран протестен марш до Мадридската берза и Централната банка.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

Захарова ја обвини Германија за русофобија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Германија e погодена од неверојатни поскапувања