Протести на земјоделците во Атина

Од:

Земјоделците денеска протестираа пред зградата на Министерството на аграрен развој во Атина со барање за различен развој на земјоделскиот сектор, што ќе биде во услуга на потребите на народот, пренесе грчкото национално радио.

Делегација на фармери се очекува да биде примена од министерот на аграрен развој.

Протест на земјоделците ќе се оддржи и пред грчкиот парламент, каде тие бараат да ги врачат своите барања.

Пред оваа акција грчките земјоделци протестираа повеќе од еден месец, правејќи блокади со трактори и друга техника во целата земја. Повеќе пати го затвораа движењето по различни автопатишта, со што предизвикаа и судири со полицијата.

Во знак на протест тие организираа акции за делење овошје и зеленчук на граѓаните.

Гневот на земјоделските производители е насочен против намалелите приходи, повисоките камати врз кредитите и зголемувањето на даночниот товар.

Едно од фармерските барања е мажите да заминуваат во пензија на 60, а жените на 55 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски