Протест на вработените на „Еурокомпозит“

Од:

Вработените од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ од изутрината протестирааат на влезот на Прилеп кај бензиската пумпа на „Лукоил“.

Според претседателот на основната синдикална организација Петар Чурлиноски, преку протестот се бара исплата на заостанатите плати и спроведување на договорот постигнат пред неколку месеци меѓу Владата, „Еурокомпозит“, синдикалната организација и Гранковиот синдикат за енергетика, метална индустрија и рударство.

– Од почетокот на годинава не се исплатени плати. Имаме добиено само дел за јануари. Инаку, пет години не ни се плаќани придонеси за пензиско осигурување, а има неисплатенои заостанати шест плати од 2013 година. Повеќе не може да живееме без пари, не може ниту сметки да платиме. Ветувањето со договорот пред неколку месеци беше дека редовно ќе се исплаќаа парите, но не се исполни, изјави Жарко Талески, вработен во „Еурокомпозит“.

Според договорот со претходното раководство и Владата, додаде Талески, ни беше ветено дека плати ќе ни се исплаќаат во јули ( на 5 и 25), и во август (на 15 во месецот). Оттогаш добиве само еднаш, дел за јануари. Новиот директор ни најави дека ќе добиеме, но досега ништо од тоа. Претходните раководства со години не лажеа и повеќе не може да издржиме, вели Талески.

Лазар Ангелески, претставник од Гранковиот синдикат за енергетика, метална индустрија и рударство, потенцира дека „Еурокомпозит“ е последниот загубар на кој државата е целосен сопственик и оти е крајно време да се решат проблемите.

– Не се исполнуваат основните права на работниците, за речиси цела година немаат добиено плата, пет години не им е платено пензиското осигурување. Очекуваме континуирано средби со раководството на фабриката и со претставници од Владата и како последен загубар не треба да се „пушти низ раце“. Ќе направиме се да се најде мирно решение на проблемот, вели Ангелески.

Новиот директор на „Еурокомпозит“ Александар Кузески вели дека не го оспорува правото на штрајкот на вработените бидејќи ситуацијата во „Еурокомпозит“ е тешка со години. Како што укажува почнати се преговори со Владата за поголем пакет средства.

– Ситуацијата е навистина тешка со години. Неспорно е дека вработените имаат право на штрајк, но и во такви услови според Колективниот договор дел одделенија треба да работат за да се испорача договореното, на пример, со МВР. Во тек се преговорите со владата за поголем пакет средства од кои да се исплатат дел плати, да се исполни договорот постигнат со МВР. Во тек се преговори за работен ангажман со МВР и Министерството за одбрана и со странски партнери. Очекуваме деновиве да добиеме одговор од Владата, вели Кузески.

Во „Еурокомпозит“ има 270 вработени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски