Просечната плата за ноември е 38.359 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38 359 денари објави Државниот завод за статистика. Според ова, ноемвриската нето-плата била за 484 денари пониска во однос на онаа од октомври.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23.8 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22. 0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.0 %), Рударство и вадење на камен (5.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.6 %).

Би можело да ве интересира

Просечната плата во декември 43.587 денари

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Просечната нето плата во септември 41.585 денари

Просечната нето-плата во август 41 097 денари