Просечната плата во декември 43.587 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43 587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9.0 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2 %), Транспорт и складирање (12.3 %) и Рударство
и вадење на камен (12.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Рударство и вадење на камен (13.4 %), Административни и помошни услужни дејности, Градежништво
(7.0 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.6 %).

Просечната бруто-плата во декември 2024 година изнесувала 65 582 денари.

Би можело да ве интересира

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Просечната нето плата во септември 41.585 денари

Просечната нето-плата во август 41 097 денари

СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски