Просечната плата во април 20.893 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април годинава изнесува 20.893 денари и во однос на април минатата година е повисока за 1,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемувањето се должи, пред сé, на  повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:  „градежништво“ за 5,4 проценти, „рударство и вадење камен“ за 5,4 проценти и „преработувачка индустрија“ за  4,8 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „информации и комуникации“  за 30,9 проценти, „снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“  со 4,2 проценти и „дејности во врска со недвижен имот со 3 проценти.

Според ДЗС, исплатената просечна бруто плата во април  30.799 денари.Во тој месец плата не зеле 1,7 проценти од вработените во државата.

Би можело да ве интересира

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Стапката на невработеност 12.3 отсто