Просечната нето платата во јануари 33.943 денари

Од:

Просечната месечна нето плата во јануари годинава изнесувала 33 943 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 13,2 процента, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен на годишно ниво во секторите Транспорт и складирање (23,4 проценти), Градежништво (20,9 проценти) и Информации и комуникации (17,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на декември 2022 година е забележано во секторите: Градежништво (5,1 проценти), Преработувачка индустрија (5 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 50 837 денари.

Би можело да ве интересира

Просечната плата во декември 43.587 денари

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Просечната нето плата во септември 41.585 денари

Просечната нето-плата во август 41 097 денари