Просечната нето плата во март 21.007 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава изнесува 21.007 денари, што во однос на март  лани, претставува намалување за 1,3  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалувањето се должи, пред сé, на  понискиот износ на просечната месечна нето-плата по  вработен во секторите: информации и комуникации, за 28,6 проценти, објекти за сместување и сервисни дејности со храна, за 3,6 проценти и снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација  на околината,  за 2,1 процент.

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен  за 5,2 проценти, земјоделство, шумарство и рибарство  за 4,8 проценти и  други услужни дејности за 3,5 проценти.

Во март годинава,  е исплатена просечна бруто плата  во износ од  30.706 денари. Плата не примиле 1,4 проценти од вработените во Македонија.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Стапката на невработеност 12.3 отсто

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство