Просечната нето плата во јули 40.961 денар

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61 569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3.1 отсто.

Би можело да ве интересира

Просечната исплатена нето плата во јануари e 43.050 денари

Просечната плата во декември 43.587 денари

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Просечната нето плата во септември 41.585 денари