Просечната нето-плата во јануари 46.617 денари

Од:

Просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари, која е повисока за 8,3 % во однос на јануари 2025 година – објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,1 % и Преработувачка индустрија за 10,5 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 70 066 денари.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Просечната плата во Србија е над 1000 евра, стандардот скокна за најмалку 45 проценти

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар

Катерина Ѓуровски

Просечната нето плата во август 45.310 денари

Горан Наумовски

Просечната нето-плата во мај 45. 796 денари

Просечната нето плата во март 44. 763 денари

Катерина Ѓуровски

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари