Просечната нето плата исплатена во октомври 24.817 денари

Од:

Просечната нето-плата исплатена во октомври изнесувала 24.817 денари и била повисока за 6,3 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, зголемувањето се должи пред сѐ на покачувањето на платите во секторот Рударство и вадење на камен, Информации и комуникации и Преработувачка индустрија.

Зголемување на просечната нето-плата по вработен во однос на септември е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Административни и помошни услужни дејности и Други услужни дејности.

Просечната бруто-плата по вработен во октомври изнесувала 36.488 денари.

Би можело да ве интересира

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Унгарскиот заем најверојатно ќе биде достапен од февруари, бизнисот бара поддршката

Горан Наумовски

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата